Свет
Деветмина загинати, најмалку 15 заробени по експлозија во тунел во Индија
Девет работници го загубија животот, а се стравува дека најмалку уште 15 се заробени во тунел во индиската сојузна држава Сиким, по експлозија предизвикана од истекување течен гас.
Несреќата се случила вчера на градилиште на државната електроенергетска компанија, на реката Тиста во селото Самарданг, изјавил окружниот претставник, Субаш Гимиреј, кој посочи дека „инцидентот најверојатно бил предизвикан од експлозија на течен природен гас, но тоа се уште не може со сигурност да биде потврдено“.
Спасувачките екипи од местото на несреќата извлекле девет јагленосани тела.
Според властите, најмалку 25 работници и службени лица останале заробени во тунелот.
Се стравува дека шансите за преживување на дел од заробените се мали, бидејќи спасувачите имаат сериозни проблеми со дишењето поради условите во тунелот.
Екипите за спасување доставуваат боци со кислород, јажиња и друга опрема за итни интервенции, додека потрагата по преживеани продолжува.
јули 22, 2026


