Фудбал
Вардар против Рига во Конференциската лига
Летонска Рига ќе му биде противник на македонскиот првак Вардар во 2. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
Вардар вчера во реванш натпреварот од воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони го совлада фински Купс на гостински терен со 3-2 по продолженија што беше недоволно да ја надомести негативата од 0-2 од првото натпревар во Скопје и својот настап на европската сцена ќе го продолжи во квалификациите во Конференциската лига против Рига која претрпе елиминација од ерменски Арарат со вкупен резултат од 4-3.
Домаќин на првиот натпревар на 23. јули ќе биде Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а реваншот ќе се игра една недела подоцна во летонската престолнина.
Победникот од овој дуел ќе го продолжи настапот во 3. квалификациско коло во Конференциската лига за кое жрепката е закажана за 20 јули во седиштето на УЕФА во Нион.
јули 15, 2026

