Фудбал
Тросар од Арсенал во Бешикташ
Англискиот првак Арсенал се согласи на трансфер на својот фудбалер од средниот ред Леандро Тросар во редовите на турски Бешикташ.
Белгискиот напаѓач доби дозвола од лондонскиот клуб да отпатува во Истанбул и по задолжителните медицински прегледи да ги финализира последните детали за неговиот трансфер во турскиот клуб.
Според неофицијални информации, трансферот ќе изнесува околу 20 милиони евра.
Триесетиедногодишниот Тросар се приклучи на Арсенал во јануари 2023 година од Брајтон за 25 милиони евра и во текот на две и пол сезони одиграно 174 натпревари, на кои постигна 36 гола и додаде 34 асистенции.



