Connect with us

Фудбал

Поранешниот романски репрезентативец Мурешан се удави во езеро

Поранешниот романски фудбалски репрезентативец Габриел Мурешан се удави во езеро во близина на гратчето Аполд каде изминатите години беше градоначалник, јавија денеска локалните медиуми.
Фудбалската федерација на Романија ја потврди смртта на 45-годишниот Мурешан, кој одигра девет натпревари во националниот дрес, вклучувајќи ги и квалификациските натпревари за Светското и Европското првенство од 2007 до 2011 година.
„Фудбалската федерација на Романија изразува најискрено сочувство до семејството, пријателите и сите што го познаваа Габриел Мурешан“, се вели во соопштението.
Мурешан беше градоначалник на Аполд од 2020 година, откако ја заврши кариерата во која најголеми успеси забележа со клубот Клуж, освојувајќи три романски титули 2008, 2010 и 2012 година.

Ad
Ad