Фудбал
Медиуми: Жезус ќе биде нов селектор на Португалија
Искусниот 71 – годишен стратег Жорге Жесус (71) многу веројатно ќе биде новиот селектор на Португалија, јавија денеска локалните медиуми.
Селекторската клупа на Португалија остана празна, откако Роберто Мартинез ја напушти должноста по елиминацијата од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство.
Весникот „А Бола“ објави дека е договорена средба меѓу Жесус и претседателот на Фудбалската федерација на Португалија, Педро Проенца.
Жесус неодамна го предводеше саудиски Ал Наср, а во кариерата ги тренираше португалските Бенфика и Спортинг Лисабон, како и турскиот Фенербахче.



