Фудбал
СП 2026: Мерино уште еднаш е херојот на Шпанија
Репрезентацијата на Шпанија со голот во судиското надополнување на вториот дел со 1:0 ја совлада Португалија. Стрелец беше Микел Мерино. Шпанија на тој начин обезбеди четвртфинале и ќе игра против Белгија.
– Беше огромно олеснување. Само пред неколку месеци, да бидам тука беше незамисливо (поради повреда). Сега еве ме, како што реков претходно, на самиот врв, уживам во еден од најсреќните моменти во мојата кариера. И еве, сега се сеќавам на сите тие тешки времиња, на сите луѓе што ме поддржуваа, на сите луѓе што ме поттикнуваа дури и кога ја изгубив вербата во себе. Понекогаш ми беше тешко да поверувам дека можам да бидам тука. Но, секој ден напорна работа, секој момент на сомнеж, вредеше. Сега сè има смисла, изјави стрелецот на победничкиот гол.
Ова е прв гол на Мерино на Светско првенство, или негов вкупно 11.ти во дресот на Шпанија. Тој станува „специјалист“ да го решава победникот откако пред две години на Европското првенство 2024 постигна гол во продолжението во 120.минута против Германија (четвртфиналето) и неговата репрезентација избори полуфинале.
јули 8, 2026


