Connect with us

Фудбал

Монтела останува селектор на Турција

Турската фудбалска федерација (ТФФ) одлучи да го задржи Винченцо Монтела како главен селектор на репрезентацијата, објави „Таквим“.

Раководството на ТФФ и италијанскиот тренер се согласиле за голем број промени во репрезентацијата. 

Педесет и двегодишниот Монтела ќе ја задржи својата позиција, но ќе има промени во неговиот тренерски штаб.

Турција не успеа да се пласира во плејофот за Светското првенство во 2026 година, губејќи од Австралија (0:2) и Парагвај (0:1) во групната фаза, забележа победа над САД со 3:2. 

Ad
Ad