Регион
Герапетритис по средба со Ѓуриќ во Белград: Атина бара што поскоро да се отвори Кластер 3 за Србија
Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, денеска во Белград изјави дека неговата земја ја гледа европската перспектива на Србија како клучна за стабилноста и просперитетот на Европската Унија како целина и дека официјална Атина побарала што е можно поскоро да се отвори кластерот 3 во преговорите со Србија.
„Сметаме дека е важно да ги забрзате реформите. Имаме голема надеж во Србија. Важно е секоја страна да ги почитува европските критериуми“, изјави шефот на грчката дипломатија по средбата со својот српски колега Марко Ѓуриќ во Министерството за надворешни работи на Србија.
Ѓуриќ изјави дека ако Европа сака мир, единствениот начин е да го вклучи целиот Балкан.
Тој и се заблагодари на Грција за поддршката на Србија во зачувувањето на националните интереси во Косово и територијалниот интегритет.
јуни 13, 2026

