Connect with us

Свет

Руското МО: Масивните ноќни напади се одговор на терористичките напади во Киев

Руското Министерство за одбрана денеска објави дека како одговор на „терористичките напади во Киев“, во текот на ноќта руските вооружени сили почнаа масовен напад врз објектите на одбранбената индустрија.

„Како одговор на терористичките напади на режимот во Киев, вооружените сили на Руската Федерација почнаа масовен напад со употреба на прецизно оружје со долг дострел од воздух, од копно и од море, вклучувајќи хиперсонични аеробалистички ракети и беспилотни летала, против претпријатија од одбранбената индустрија“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од руските медиуми.

Според извештаите, погодени се објекти во Киев, Запорожје, Харков и Днепропетровск контролирани од украинските вооружени сили, како и во Полтавскиот, Хмелницкиот и Сумскиот регион.

Министерството за одбрана додаде дека во нападот се оштетени и објекти за гориво и транспортна инфраструктура што ја користат украинските вооружени сили, како и воени аеродроми.

Најмалку четири лица се убиени, а 51 се ранети во масовниот напад на руските сили врз Киев, изјави рано утрово градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко, наведувајќи дека „како резултат на масовниот напад на непријателот врз главниот град, евидентирана е штета во различни делови од градот“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1