Свет
НАТО ја осудува руската неодговорност со паднатиот дрон во романскиот град Галаци
Откако руски дрон ноќеска удри во станбена зграда во центарот на романскиот град Галаци, претпладнево се огласи и НАТО.
Портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“.
Во порака објавена на социјалната мрежа X, портпаролката Харт подетално го разјасни ставот на Алијансата.
„Утрово, беспилотно летало удри станбена зграда во Романија, во контекст на руските напади врз украинската инфраструктура во близина на границата. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во контакт со романските власти. Ја осудуваме руската неодговорност. НАТО ќе продолжи да ја зајакнува својата одбрана од сите закани, вклучително и оние од беспилотни летала“, се наведува во соопштението од седиштето на Алијансата во Брисел.
мај 29, 2026
