Connect with us

Свет

Во пожарот во ученичкиот интернат во Кенија загинаа 16 девојчиња

Најмалку 16 ученички загинаа, а 74 се повредени откако вчера изби пожар во интернат за девојчиња во Гилгил, централна Кенија.

Кенискиот министер за образование Јулиус Огамба наведе дека во интернатот сместени се повеќе од 800 девојчиња.

Сè уште е непозната причината за пожарот. Огамба истакна дека се истражува дали интернатот ги почитувал прописите за противпожарна безбедност.

Полицијата соопшти дека сè уште трага по ученичките, кои по избувнувањето на пожарот во шок и паника побегнале.

Во пожар во основно училиште-интернат во округот Нијери во 2024 година загина 21 ученик.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1