Свет
Гебрејесус: Не е вистина дека администрацијата на Трамп им забранила на експертите за болести да разговараат со СЗО за растечката епидемија на ебола
„Не е вистина“, напиша денеска кусо на Х шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус во врска со информациите дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им забранила на експерти за болести да разговараат со СЗО за растечката епидемија на ебола.
Си-Ен-Ен и други американски медиуми вчера јавија дека администрацијата на Трамп им забранила на клучни американски здравствени службеници задолжени за заразни болести директна комуникација со претставници на Светската здравствена организација (СЗО).
Забраната била воведена при појавата на епидемија на хантавирус, а подоцна некои од ограничувањата биле делумно олабавени по информациите за епидемија на ебола во ДР Конго.
мај 28, 2026
