Фудбал
Историски успех за Ленс – освоен е Купот на Франција
Фудбалерите на Ленс остварија историски успех откако синоќа го освоија Купот на Франција со победата во финалето против Ница со 3:1. Ова за нив беше четврто финале и во претходните три финални дуели беа поразени.
Ленс поведе во 25.минута со голот на Флоријан Тован, а Одсоне Едуар пред крајот на првиот дел зголеми на 2:0. Сепак Ница во судиското надополнување на првиот дел преку Џибрил Кулибали намали на 2:1 (45+3 минута) за нова неизвесност.
Победата на Ленс ја потврди Абдалах Сима во 78.минута.
Финалниот натпревар се одигра во Париз на „Стад Д’Франс“.
мај 24, 2026
