Фудбал
Барди и Коњаспор остана без трофеј во Купот на Турција
Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Коњаспор не успеаја да го освојат Купот на Турција откако во финалето загубија од Трабзонспор со 2:1.
Нигериецот Пол Онуачу донесе водство за Трабзонспор во 18 минута, а Џексон Мулека во 50. минута изедначи на 1:1. Осум минути подоцна Барди не реализираше удар од белата точка за целосен пресврт и неговиот удар заврши во стативата.
Во продолжението на дуелот Трабзонспор со гол од пенал на Онуачу во 79. минута стигна до победата од 2:1.
мај 24, 2026
