Connect with us

Општини

Делчево доби уникатен парк со цитати од Библијата, каде што се споменува Македонија

Во Делчево е уреден уникатен парк со цитати од Светото писмо во кои се споменува Македонија, а кој веќе привлекува внимание кај посетителите и прераснува во нова туристичка и духовна атракција во градот.

Паркот е лоциран пред соборниот храм Соборен храм „Св. Кирил и Методиј“, а во него се поставени 27 мермерни плочи, од кои на 26 се испишани библиски цитати и стихови во кои директно се споменува Македонија.

Според градоначалникот Иван Гоцевски, паркот претставува симболичен спој на верата, историјата и македонскиот идентитет.

– Делчево доби уникатен парк кој има духовно, културно и едукативно значење. Овој простор сведочи за историското присуство на Македонија во библиските текстови и ја истакнува поврзаноста на македонската традиција со христијанското наследство, изјави Гоцевски.

Цитатите на мермерните плочи се поврзани со мисионерските патувања на апостолот Павле и неговото делување на македонско тло, меѓу кои е и познатото Македонско видение.

Од Општина Делчево посочуваат дека паркот има повеќеслојно значење – духовно, културно и едукативно, но и потенцијал за развој на верски и културен туризам.

Со својата уреденост, симболика и пораки, паркот претставува место за духовен мир и почит кон пишаниот збор, а мермерните плочи остануваат трајно сведоштво за поврзаноста на Македонија со библиското наследство.

Паркот е инвестиција на Општина Делчево. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1