Свет
Во Иран егзекутирани две лица поради членство во терористичка сепаратистичка организација
Во Иран егзекутирани две лица обвинети за членство во терористичка сепаратистичка организација.
Погубувањето уследи откако Врховниот суд на Иран ги потврди пресудите по обвиненијата за „членство во сепаратистичка терористичка група, здружување со цел да се наруши националната безбедност на земјата, вооружен отпор преку формирање криминални организации, пукање и обиди за убиство“ и други дела.
Според меѓународната организација за човекови права „Амнести интернешнл“ во Иран минатата година се извршени најмалку 2.159 егзекуции, што е рекорден број за Исламската Република во изминатите 45 години.
мај 21, 2026
