Connect with us

Фудбал

Вмеша ли ДУИ прсти?: Навивачите на Шкендија ја исвиркаа Македонската химна, скандираа со навредлив и националистички тон

Срамни сцени приредија навивачите на Шкендија пред почетокот на финалето од Купот на Македонија

Навивачите и поддржувачите на Шкендија најпрво воопшто не станаа кога се интонираше химната на Република Македонија, но и жестоко ја исвиркаа.

Во текот на мечот беше објавен и спорен транспарент, сличен на оној кој го објавија навивачите на Тиквеш, на кој може да се види нешто што наликува на амблемот на ФК Вардар, но со буквата „М“ на средината, потоа логото на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, но и логото на Шкендија.

Во текот на целото прво полувреме можеа да се слушнат навредливи и националистички скандирања од делото каде што се сместени навивачите на Шкендија, но и топовски удари кои завршија на тартанот на Националната арена во Скопје. Дел од „фолклорот“ беше „ФФМ пе*ери“, „United Albania“ …

Маркетинг
Ad 1
Ad 1