Фудбал
Силекс освојувач на Купот на Македонија
Силекс е освојувач на Купот на Македонија, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески го совлада тимот на Шкендија со 1-0. Со тоа кратовскиот тим покрај трофејот, се избори и за пласман во Европа, поточно во Лигата на Конференции.
Силекс подобро го почна мечот, и веќе во 9. минута се закани преку Алиќ, кој што упати незгоден удар, но одбрани Гаје.
Потоа иницијатива на Шкендија и првата прилика преку Ндзенгуе со глава, Џеко успеа да избие во корнер, а во финишот прилика и за Красниќи кој за дел од секундата задоцни да упати удар кон голот на Џеков.
Вториот дел подобро го почна екипата на Шкендија. Трумчи беше во шанса и шутираше само над голот, а потоа Љатифи имаше одличен удар, меѓутоа Џеков со фантастична парада успеа да одбрани.
Единствениот гол се случи во 71. минута. Фетаи на средината на теренот не прими една топка како што посакуваше, му ја одзеде Додев кој избир сам одлево пред голот, додаде несебично до Алиќ, а овој од само 5-6 метри успеа да го совлада Гаје.
До крајот на мечот Шкендија се обиде да дојде до израмнување, меѓутоа Силекс успеа да се одбрани и така да се радува на Куп пехарот.
мај 21, 2026
