Connect with us

Свет

Владата на Боливија побара од амбасадорот на Колумбија да ја напушти земјата

Владата на Боливија побара од амбасадорот на Колумбија да ја напушти земјата, повикувајќи се на загриженост за суверенитетот и мешање во внатрешните работи, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Боливија.

До овој чекор дојде откако претседателот на Колумбија, Густаво Петро, на 17 мај на Х ги опиша немирите во Боливија како „народно востание“.

Поради ширењето на немирите во Боливија, банките ги затвораат своите филијали во Ла Паз, а блокадите на патиштата го попречуваат снабдувањето, додека синдикатите, рударите и руралните групи бараат економска помош, а некои бараат и оставка од претседателот Родриго Паз, јавија светските агенции.

Заменикот на американскиот државен секретар, Кристофер Ландау, вчера изјави дека разговарал со Паз и го предупредил дека поразените сили од минатогодишните избори се обидуваат да го сменат од власт. Европската Унија и неколку европски амбасади во меѓувреме повикаа на дијалог и мирни протести.

Министерството за надворешни работи на Боливија наведе дека одлуката е донесена во согласност со меѓународното право и оти не претставува прекин на дипломатските односи со Колумбија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1