Connect with us

Свет

Мерц: Иран мора да ги запре нападите врз ОАЕ и без ограничувања да ја отвори Ормуската Теснина

Германија ги осудува нападите на Иран врз Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и други држави, изјави денеска канцеларот Фридрих Мерц, додавајќи дека Техеран мора да престане да ги загрозува своите соседи и без какви било ограничувања да ја отвори Ормуската Теснина.

„Нападите врз нуклеарни постројки претставуваат закана за безбедноста на луѓето во целиот регион. Не смее да има понатамошна ескалација на насилството“, напиша Мерц во објава на социјалната мрежа Икс.

Германскиот канцелар додаде дека Иран треба да започне сериозни преговори со Соединетите Американски Држави.

Вчера, во ирански напад со дрон беше предизвикан пожар во една атомска електроцентрала во ОАЕ.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1