Свет
Бирол: Комерцијалните резерви на нафта брзо се трошат, остануваат само уште неколку недели
Шефот на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол изјави дека комерцијалните резерви на нафта брзо се трошат во контекст на војната во Иран и затворањето на Ормуската Теснина, и дека тие резерви имаат уште само неколку недели.
Бирол на состанокот на Г7 во Париз исто така рече дека ослободувањето на стратешките резерви на нафта додало 2,5 милиони барели нафта дневно на пазарот, но истакна дека овие резерви не се неограничени.
Министрите за финансии од Групата седум (Г7) индустриски развиени нации денеска се состануваат во Париз на дводневни разговори со цел да се изгради обединета позиција додека војната на Блискиот Исток продолжува да ги нарушува глобалните економски изгледи.
Франција, која во моментов го држи ротирачкото претседателство со Г7, се соочува со предизвикот да го одржи дијалогот во услови на трговски тензии предизвикани од царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со растечката геополитичка нестабилност.
Клучна точка на агендата е намалувањето на зависноста од доминацијата на Кина во минералите од ретки земји.
мај 18, 2026
