Connect with us

Општини

Анкица Манасиевска именувана за в.д. директор на ООУ „Никола Карев“ во Кочани

Со решение за именување од 15 мај 2026 година, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, ја именува Анкица Манасиевска за вршител на должноста директор на ООУ „Никола Карев“. 

Како што информираат од Општината, Манасиевска, која е долгогодишен одделенски наставник во училиштето, ќе ја извршува функцијата до избор на нов директор, но не подолго од шест месеци од денот на именувањето.

При врачувањето на решението, градоначалникот Грозданов ѝ посакал успех во менаџирањето и во реализацијата на воспитно-образовниот процес.

Манасиевска се заблагодарила за довербата и истакнала дека ќе се заложи за зачувување на позитивната работна атмосфера во училиштето и квалитетна настава за учениците.

Анкица Манасиевска доаѓа на местото на Александар Андов, чиј мандат престанал на негово барање, заклучно со 6 мај 2026 година..

Маркетинг
Ad 1
Ad 1