Connect with us

Свет

Трамп и Шји го посетија Небесниот храм во Пекинг по билатералниот состанок

Претседателите на САД и Кина Доналд Трамп и Шји Џјинпинг го посетија Небесниот храм во Пекинг по завршувањето на билатералниот состанок кој траеше околу два часа и 15 минути.

Разговорите на двајцата лидери траеја околу 35 минути подолго од нивниот претходен

состанок одржан минатиот октомври во Бусан во Јужна Кореја.

По состанокот, Трамп и Шји се упатија кон Небесниот храм, еден од најпознатите историски и туристички локалитети на кинескиот главен град.

– Одлично место, неверојатно. Кина е прекрасна – му рече Трамп на Шји додека двајцата претседатели позираа за фотографија во Небесниот храм, јави Би-Би-Си.

Комплексот, изграден во 1420 година, е познат по Салата за молитви за добра жетва – кружна дрвена градба со трослоен покрив од сини ќерамиди. Според кинеската традиција, Небесниот храм ја симболизира хармонијата меѓу небото и човештвото, а кинеските цареви речиси пет века го користеле за ритуали посветени на молитвите за добра жетва.

Трамп е првиот актуелен претседател на САД кој го посетил овој локалитет од претседателот Џералд Форд во 1975 година.

Храмот беше затворен за туристи со денови пред самитот на Трамп и Шји поради подготовките за претседателската посета. Како дел од подготовките, дел од патот пред северната капија на комплексот беше обновен во текот на ноќта пред пристигнувањето на двајцата лидери.