Connect with us

Кошарка

Кливленд на чекор до конференциско финале на Истокот

Кошаркарите на Кливленд се на чекор до пласман во финалето на Источната конференција во НБА лигата, откако синоќа на гостински терен го совладаа Детроит со 117-113 по продолжение во петтиот натпревар од полуфиналето и поведоа со 3-2 во серијата до четири победи.

Кливленд до третата едноподруго победа во полуфиналната серија со Детроит го предводеше Џејмс Харден со 30 поени. Ова беше неговиот 185. плејоф натпревар во кариерата во која сè уште нема освоено титула, а вкупно 50. на кој постигнал најмалку 30 поени.

Шестиот натпревар од серијата се игра в петок навечер во Кливленд, кој со победа ќе закаже финале на Истокот против Њујорк.

Доколку Детроит победи, седмиот натпревар ќе го игра на домашен терен в недела. 


Детроит нема настап во конференциско финале од 2008 година.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1