Connect with us

Свет

Во Германија откриен вирус Хепатитис А во смрзнато овошје од Србија

Германија откри вирус хепатитис А во замрзната мешавина од смрзнати овошје од Србија, објави Европскиот систем за тревога и известување за храна (РАСФФ).

При официјална контрола на пазарот, во примерок земен на 20 април, Германија пронајде патогени микроорганизми – вирусот на хепатитис А во замрзната мешавина од овошје од Србија, објави РАСФФ.

Здравствениот ризик се смета за сериозен, а производот е повлечен од продажба.

Ова не е првпат вирус на хепатитис А да биде пронајден во замрзнато овошје од Србија.

Според податоците на РАСФФ, истото се случило и на 10 јули 2025 година, кога Германија повторно го пронајде истиот вирус, исто така во замрзнато овошје од Србија, како и во август 2022 година, кога вирусот на хепатитис А беше пронајден во производ – замрзнато овошје од Белгија, но Србија беше наведена како една од четирите земји на потекло на овошјето. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1