Connect with us

Свет

Калас: ЕУ на крајот на мај ќе дефинира какви отстапки очекува од Москва за мир во Украина

Министрите за надворешни работи на ЕУ до крајот на месецот ќе разговараат за тоа какви отстапки може да се очекуваат од Русија за постигнување мир во Украина, соопшти денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Според неа, рускиот претседател Владимир Путин може веднаш да ја запре војната доколку ги повлече своите трупи, а неговите изјави дека конфликтот оди кон крајот не значат дека тој е во силна позиција.

– Мораме да видиме отстапки од руската страна и да се увериме дека не се работи само за прекин на огнот што би им овозможил на руските сили време за прегрупирање – нагласи Калас на прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана во Брисел.

Таа предупреди дека Русија се подготвува за долгорочен судир со Западот и дека нејзината економија моментално е фокусирана на производство на тенкови и ракети. Калас истакна дека одвраќањето дава резултати, додека покажувањето слабост е покана за агресорот, поради што повика на нови санкции и зголемување на европското воено производство преку иновации кои би ги намалиле трошоците.

Осврнувајќи се на тензиите поврзани со Иран, Калас изрази поддршка за дипломатските напори, но предупреди дека Ормуската Теснина се наоѓа во „сива зона“ меѓу војната и мирот. Таа нагласи дека блокирањето на овој клучен поморски пат е неприфатливо и не смее да продолжи.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1