Вести
Влада: Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста за 2026 година ќе се финансираат 32 проекти
Владата продолжува со силна поддршка за рамномерен регионален развој и намалување на развојните диспаритети помеѓу општините и регионите.
На денешната владина седница беа разгледани и усвоени програмите преку кои за 2026 година ќе се финансираат десетици проекти насочени кон подобрување на условите за живеење, локалната инфраструктура, конкурентноста и одржливиот развој.
– Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста за 2026 година ќе се финансираат 32 проекти, со вкупна вредност од 74.839.946 денари – се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Со овие програми Владата ја потврдува својата определба за еднаков развој на сите региони, поддршка на локалните заедници и создавање подобри услови за економски раст и поквалитетен живот за граѓаните во секој дел од државата.
мај 12, 2026
