Connect with us

Вести

Сали: Инвестицијата во младите е инвестиција во европската иднина

Министерот за европски прашања Беким Сали се обрати на настанот Young Talent for Future Growth, организиран во рамките на програмите Young Energy Europe и Development Partnership Programme, на кој беа доделени сертификати за учесниците и награди за најдобрите проекти.

Во своето обраќање, министерот Сали, како што соопшти неговиот Кабинет, нагласи дека развојот на човечкиот капитал е клучен за економската трансформација и за напредокот на земјата на патот кон Европската Унија.

– Европската интеграција не е само процес на усогласување политики, туку процес на трансформација кој зависи од луѓето – од нивните знаења, вештини и подготвеност да водат промени – истакна Сали.

Тој потенцира дека иницијативите како Young Energy Europe придонесуваат кон градење конкурентна и одржлива економија преку развој на професионалци, кои ќе ја предводат зелената и дигиталната транзиција.

Министерот ја поздрави и имплементацијата на програмата за развојно партнерство со WUS, која обезбедува можности за образование, обука и вработување за младите оценувајќи дека вложувањето во знаење и вештини е предуслов за долгорочен економски раст.

Сали нагласи дека Владата преку реформската агенда и процесот на европска интеграција останува посветена на создавање услови за развој на таленти и нивно задржување во земјата.

На настанот беа доделени сертификати за новата генерација учесници, како и признанија за најуспешните проекти за 2026 година.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1