Фудбал
Шмајхел: Сметам дека одлуката за поништување на голот беше погрешна
Дуелот на Вест Хем и Арсенал, кој заврши со победа на лидерот Арсенал со 1:0 и пред сè поништениот гол на Вест Хем во судиското надополнување на вториот дел привлекува сè уште внимание. Со свој коментар се јави и поранешниот голман Питер Шамјхел, кој е често и стручен коментатор за британските тв канали.
– Не знам зошто е фаул, кога Арсенал тоа го прави во текот на целата сезона, беше првиот осврт на Шмајхел.
Потоа дополнително анализира за фаулот над голманот Раја, ВАР снимката се прегледуваше околу пет минути и судијата Дарен Ингланд да го поништи голот на Калум Вилсон.
– Колку подолго трае проверката само по себе нуди сомнеж и можеби не немало фаул. Арсенал тешко дека ќе беше лидер на Премиер лигата да не ги постигнуваше головите од прекини. На тој начин стигнуваа до многу бодови – блокирајќи ги противничките играчи. Не разбира зошто е сега фаул, а во текот на целата сезона за многу екипи (против Арсенал) не беше. Сметам дека одлуката беше погрешна, смета легендарниот дански голман.
Арсенал остана лидер на табелата со пет бодови предност во однос на Манчестер Сити, а во последните две кола играат на домашен терен со Барнли и гостуваат кај Кристал Палас.
мај 12, 2026
