Connect with us

Фудбал

Дибала на крајот од сезоната заминува од Рома

Аргентинскиот фудбалер од редовите на Рома, Пауло Дибала потврди дека неговиот сегашен клуб сè уште не го контактирал за продолжување на договорот. Тоа значи дека натпреварот против Лацио во следното коло можно е да биде и неговиот последен во дресот на Рома.

На последниот дуел и победата на Рома од 3:2 над Парма, Дибала беше асистент на првиот гол за неговиот тим.

Никој не ме контактирал, а договорот ми истекува за два натпревара и најверојатно дербито против Лацио ќе биде последниот пред нашите навивачи, изјавил Дибала по дуелот со Парма.

Рома остана со шанси за пласман во Лигата на шампионите и се наоѓа на петтото место на табелата со 67 бодови исто колку што има и Милан. Дибала сезонава постигна два гола, а имаше и четири асистенции на 20 натпревари.

Аргентинецот во Рома стигна во 2022 година од Јувентус, а претходно настапуваше за Палермо, а почетоците му беа во Институт од Кордоба. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1