Connect with us

Свет

Поранешниот шеф на кабинет на Зеленски осомничен за перење пари

Украинските антикорупциски власти открија наводна шема за перење пари во која е вклучен поранешниот шеф на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, јави ДПА.

Националното биро за борба против корупција на Украина (NABU) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (SAP) вчера соопштија дека организирана група наводно испрала еквивалент на речиси девет милиони евра (10,6 милиони долари) во врска со луксузен градежен проект во близина на Киев.

Јермак е осомничен дека е дел од групата, наведе германската агенција.

Тој поднесе оставка кон крајот на ноември минатата година поради корупциски скандал по претресите на неговиот дом.

Јермак со години беше еден од најдоверливите луѓе на украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја водеше претседателската канцеларија од 2020 година. Тој се сметаше за втор најмоќен човек во Украина, потсетува ДПА.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1