Connect with us

Свет

ОН: Ако Ормуската Теснина остане затворена, светот ќе се соочи со масовен глад

Работна група на Обединетите нации предупреди дека светот ќе се соочи со масовен глад доколку Ормуската Теснина набргу не биде отворена за сообраќај.

Извршниот директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС), Мореира да Силва, изјави дека една третина од светските резерви на ѓубрива, вклучително амонијак, сулфур и уреа, се транспортираат низ Ормуската Теснина.

Се проценува дека речиси 45 милиони луѓе би можеле да умрат од глад поради недостиг на ѓубрива, чии патишта во моментот се блокирани.

– Ни остануваат уште неколку недели за да спречиме она што веројатно ќе стане масовна хуманитарна криза. Сезоната на садење не може да чека – предупреди Да Силва истакнувајќи дека во некои африкански земји овие рокови истекуваат само за неколку недели.

Покрај Африка, блокадата ќе ја погоди и прехранбената безбедност во Азија.

– Ако набргу не ја спречиме причината за кризата, ќе мора да се справиме со последиците исклучиво преку хуманитарна помош – посочи Да Силва.

Според УНОПС, отворањето на Ормуската Теснина е клучно за стабилизирање на глобалниот пазар на храна бидејќи недостигот на ѓубрива во оваа фаза од земјоделскиот циклус може да има долгорочни последици врз приносите во целиот свет.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1