Connect with us

Свет

Два авиони со патници од бродот на кој се прошири хантавирусот слетаа во Холандија

Два авиони со 28 патници од крузерот „МВ Хондиус“, на кој се прошири хантавирусот, денеска слетаа во Холандија.

Во авионот имаше осум холандски државјани, а другите патници од разни националности – од Холандија, ќе се вратат во својата татковина.

Како мерка на претпазливост, 12 вработени во болницата, каде што се лекува едно лице заразено од хантавирусот, се ставени во карантин шест недели бидејќи не примениле строги протоколи на пациентот.

Од почетокот на ширење на вирусот на бродот починаа три лица, една двојка од Холандија и еден германски државјанин.

Вирусот обично се шири преку глодачите, но во ретки случаи можен е пренос од човек на човек. Хантавирусот е ендемски во одредени региони на Аргентина, особено во регионот на Андите. Бродот „МВ Хондиус“ на почетокот на април исплови од Аргентина.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1