Connect with us

Кошарка

Милвоки подготвен да се раздели со Адетокунбо

Милвоки е отворен за понуди за размена за двократниот МВП на НБА Јанис Антетокумпо, објави ESPN, повикувајќи се на клупски извори.

Се очекува 31-годишниот Грк да биде многу баран. Тој би можел да биде разменет за млад талент од висок калибар и/или голем број пикови на драфтот.

Бакс одржаа разговори за размена на напаѓачот пред крајниот рок за размена во февруари, бидејќи лидерот на франшизата изрази увереност дека е време да се разделат. Тие сега ќе ги отворат преговорите откако ко-сопственикот Џими Хаслам изјави дека одлуката ќе биде донесена пред драфтот на 23-24 јуни. Извори велат дека ставот на Антетокумпо дека е време двете страни да продолжат понатаму не е променет.

-Во следните шест до седум недели ќе одлучиме дали Јанис ќе потпише максимален договор и ќе остане со нас или ќе игра на друго место. Генералниот менаџер Џон Хорст, ко-сопственикот Вес Еденс и јас ќе ја донесеме таа одлука , изјави Хаслам за новинарите.

Хаслам јавно и приватно изјави дека „Бакс“ ќе соработуваат со Адетокунбо во наредните недели за да го постигнат најдоброто за двете страни.

Кошаркарот ги одигра сите 13 сезони во НБА со Милвоки и ги држи сите главни статистички рекорди на франшизата. Тој во 2021 година ги предводеше Бакс до нивната прва шампионска титула по 50 години.

Во текот на сезоната 2025/26, Адетокунбо одигра 36 натпревари во регуларната сезона, додека се мачеше со повреди на препоните, листот и коленото. Тој имаше просек од 27,6 поени, 9,8 скока и 5,4 асистенции по натпревар.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1