Connect with us

Свет

Макрон најави 23 милијарди евра инвестиции на самитот Африка-Франција во Најроби

На Африка ѝ се потребни инвестиции наместо помош, изјавија денеска во Најроби претседателите на Франција и Кенија, Емануел Макрон и Вилијам Руто, најавувајќи 23 милијарди евра инвестиции за Африка првиот ден од француско-африканскиот самит во Најроби.

Самитот, со наслов „Африка напред“, се одржува првпат во земја од англиското говорно подрачје, Кенија.

Како што пренесоа француските медиуми, првиот ден беше посветен на младите, спортот, културата и бизнисот, а утре ќе се одржат состаноци на африканските официјални лица.

Од најавените 23 милијарди евра (14 милијарди евра француски јавни и приватни инвестиции, девет милијарди евра африкански инвестиции), главни вклучени сектори се енергетската транзиција (4,3 милијарди евра), дигиталната технологија и вештачката интелигенција (3,76 милијарди евра), „сината економија“ (3,3 милијарди евра), земјоделството (една милијарда евра) и здравството (942 милиони евра), соопшти Елисејската палата.

Руто рече дека Африка повеќе не бара помош или кредити, туку инвестиции во образованието и инфраструктурата, особено за да се искористат технолошките достигнувања на вештачката интелигенција.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4