Connect with us

Регион

Во Грција запленети 219 килограми дрога во вредност од над 750.000 евра

Необработен канабис (skunk) од Шпанија со вкупна бруто-тежина од 219 килограми, што се проценува дека е во вредност од над 750.000 бил пронајден и запленет при претрес на објекти на транспортна компанија во западниот дел на Атика, поширокиот дел во Атина, а уапсени се три лица, информираа од крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

По добиените информации за внесување во Грција на големи количини необработен канабис од Шпанија, при претресот извршен во понеделникот во просториите на транспортната компанија биле пронајдени внимателно скриени во два дрвени сандаци, вкупно 108 пластични пакувања со вкупна бруто-тежина од 122,874 килограми, а во рамки на дополнителна анализа, вчера на истата локација биле пронајдени дополнителни два сандаци со 85 пластични пакувања со тежина од 96,313 килограми.

За дрогата, вчера попладне биле уапсени двајца Грци и еден албански државјанин.

Вредноста на пронајдената дрога се проценува на над 750.000, а запленети биле и едно возило, шест мобилни телефони и 3.600 евра. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 1