Connect with us

Кошарка

Висок пораз на македонските кошаркарки во Данска

Македонската женска кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во четвртиот натпревар во квалификациите за Евробаскетот 2027, откако вечерва претрпе убедлив пораз на гостински терен од Данска со 125-57

Во ослабен состав без долгогодишниот капитен Анџелика Митрашиновиќ, која стави крај на професионалната кариера, како и отсутните Ивана Кметовска и Матеа Николиќ, македонските кошаркарки без немоќни да му се спротивстават на данскиот состав.

По воведниот период во кој Данска поведе со 29 – 21, до крајот на полувремето негативата на избраничките на селекторот Александар Ашаданов достигна високи 23 поени (56-33), а во завршната четвртина натпреварот влезе со предност на домаќинките од недостижни 83-45.

Најефикасни во македонските редови беа Хемпе со 27 и Селцова со 10 поени

Со овој пораз, македонската репрезентација е последнопласирана во групата Ф со една победа и три порази и ги сведе на теорија шансите за пласман во втората квалификациска фаза пред завршните два натпревари во групата против фаворитите Грција и Хрватска.

Избраничките на Ашаданов в сабота ги очекува дуел на гостински терен против Грција, а во завршното коло, идниот вторник, ќе ја пречекаат Хрватска.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3