Свет
Украина информира дека тимови против дронови веќе „работат“ во Катар, ОАЕ и Саудиска Арабија
Украински експерти за борба против дронови почнаа да работат во три заливски држави кои се цел на ирански напади, изјави претседателот Володимир Зеленски.
– Заминаа три наши тима – силни тимови од експерти, воен персонал, инженери, различни луѓе. Денес војската веќе комуницира и веќе работи – изјави Зеленски.
Неговиот портпарол одделно потврди дека трите земји се Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија
март 12, 2026

