Connect with us

Фудбал

Ангола ги откажа пријателските натпревари со Иран и Јордан

Анголската фудбалска репрезентација на Ангола ги откажа подготвителните натпревари предвидени за овој месец против Јордан и Иран, објави Фудбалската федерација на Ангола. Натпреварите против двете репрезентации што се квалификуваа за претстојното Светското првенство требаше да се играат во Дубаи на крајот на март.
„Влошувањето на тековниот конфликт на Блискиот Исток и нестабилноста што произлегува од тоа, што се чувствува во регионот, бараа од нас да донесеме сериозна, разумна и одговорна одлука“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Ангола.
Анголските власти објавија дека се обиделе да најдат алтернативен терен за натпреварот против Јордан, но „по длабинска и темелна проценка на финансиските обврски, потребните логистички и административни напори и соодветната конкурентска корист за националниот тим, е заклучено дека играњето само еден натпревар нема да биде рационално и стратешки оправдано“.
Ангола не се квалификуваше за Светското првенство и ќе го игра својот следен официјален натпревар во септември, кога ќе почнат квалификациите за Африканскиот куп на нации во 2027 година

Маркетинг
Ad 2
Ad 1