Connect with us

Свет

Амбасадата на САД во Ирак им препорача на Американците да бидат внимателни

Амбасадата на САД во Багдад вчера ги предупреди своите државјани во Ирак дека постои опасност да бидат киднапирани бидејќи вооружени групи поддржани од Иран напаѓаат хотели каде отседнуваат Американци. Поради тоа Амбасадата им препорача на Американците во Ирак да бидат внимателни.

Американската амбасада предупреди и дека Иран и групите поддржани од него, можеби планираат напади врз „нафтената и енергетската инфраструктура во сопственост на САД.

Неодамна имаше напади во близина на Амбасадата на САД во Багдад и Конзулатот во Ербил.

По американско-израелскиот напад врз Иран, Техеран возврати со напади врз американските бази во земјите од Персиски Залив, во Ирак, Јордан, Либан, Сирија и Кипар. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3