Connect with us

Забава

Во Белгија само 100 блогери со официјален сертификат за инфлуенсери

Само 100 блогери во Белгија добиле т.н. „сертификат за инфлуенсери“ од почетокот на оваа иницијатива, чија цел е да ја подобри транспарентноста и професионалните стандарди во индустријата на дигиталното огласување. Според податоците на Бриселс тајмс (The Brussels Times) тие се мал дел, од вкупно околу 6.000 луѓе кои се занимаваат со оваа професија. 

Од октомври минатата година белгиските инфлуенсери имаат можност да добијат сертификат со кој се потврдува дека ги почитуваат правилата за огласување и транспарентност на социјалните мрежи. Сертификатот е воведен од белгискиот Совет за огласување и Организација за маркетинг инфлуенсери (Influencer Marketing Alliance).

За да го добијат сертификатот, инфлуенсерите мора да поминат обука која опфаќа правила за огласување, стандарди за транспарентност, специфични правила за рекламирање на социјалните мрежи, како и прашања поврзани со општествената одговорност во дигиталниот свет. По завршувањето на обуката, кандидатите полагаат тест на кој треба да постигнат најмалку 70 проценти точни одговори, како и да се обврзат дека во пракса ќе ги почитуваат утврдените правила. Сертификатот важи една година и мора да се обновува годишно.

Белгиската организација за саморегулација на огласувањето, Жири д’етик публиситер (Jury d’Éthique Publicitaire), ги следи објавите и проверува дали инфлуенсерите се придржуваат до правилата. Во случај на нивно прекршување, инфлуенсерите можат да добијат насоки за исправка, но и привремено или трајно да го изгубат сертификатот. Иницијативата е поддржана од повеќе организации од секторот за огласување, како и од неколку големи брендови, кои најавија дека во иднина ќе соработуваат исклучиво со сертифицирани инфлуенсери

Маркетинг
Ad 1
Ad 1

🔥 Најчитани

1
Забава пред 3 месеци

Совети: Сувото месо се чува во замрзнувач до 12 месеци

2
Кошарка пред 1 месец

Кошаркарите на Хапоел Тел Авив останаа во сала до 1.25 часот по полноќ

3
Скопје пред 3 месеци

Новогодишната претстава „Дедо Мраз дојде со воз“ на Железничката станица во Скопје од 20 до 30 декември

4
Туризам пред 5 месеци

„Подземниот град“ на Тито во Далмација – денес туристичка атракција

5
Туризам пред 4 месеци

Travel And Tour World: Матка како „Тајланд“, Старата чаршија како „Истанбул“ — странците воодушевени!

6
Интервјуа пред 6 месеци

Николоски од Атина: Со Грција имаме можност да станеме најдобри економски партнери во регионот

7
Туризам пред 4 месеци

Охрид, Македонија: Историската порта што го редефинира балканскиот туризам со иновации и автентични доживувања

8
Вести пред 2 месеци

Муча: Со пешачење до прочистување на организмот по празниците