Connect with us

Скопје

Се косат тревни површини низ општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода, преку Секторот за месна самоуправа, ги започна теренските активности за средување на нараснатата трева низ сите урбани и месни заедници, информираат од локалната самоуправа.

Во оваа акција, која ќе се одвива секојдневно во текот на целата сезона, како што велат, ангажиран е тим од 20 обучени сезонски работници.

-Денеска екипите работат во 11 Октомври – Згради, населба Кисела Вода и населба Драчево, а веднаш потоа продолжуваат по утврден ред и во сите останати делови на општината. Оваа активност е дел од тековните планови за уредување на јавните простори низ целата територија на Кисела Вода, посочуваат од општинската власт.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4