Connect with us

Свет

САД уништија 16 ирански бродови за поставување мини во близина на Ормускиот Теснец

Централната команда на вооружените сили на САД (СЕНТКОМ) соопшти дека американските сили уништиле 16 ирански пловни објекти наменети за поставување мини во близина на стратешки важниот Ормуски Теснец.

Акцијата е извршена вчера, откако претходно американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Техеран со сериозни воени последици доколку се одлучи да го минира клучниот коридор за транспорт на нафта и гас.

„Американските сили уништија неколку ирански бродови, вклучително и 16 минополагачи во близина на Ормускиот Проток“, објави СЕНТКОМ на социјалната мрежа „Икс“.

Претходно, Трамп предупреди дека доколку се потврдат извештаите за иранските активности за минирање на протокот, ќе следува жесток одговор. „Ако од која било причина бидат поставени мини и тие не бидат веднаш отстранети, воените последици за Иран ќе бидат на невидено ниво“, напиша тој на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social), иако додаде дека засега нема независна потврда дека преминот е веќе миниран.

Според извори на Си-Ен-Ен, Иран во изминатите денови наводно поставил десетина мини во стратешките води. Експертите предупредуваат дека иако дел од флотата е уништен, Техеран сè уште располага со капацитети за поставување стотици мини долж бродските рути. Ормускиот Теснец, широк околу 55 километри, се смета за една од најкритичните точки во светот за снабдување со енергенси.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4

🔥 Најчитани

1
Забава пред 3 месеци

Совети: Сувото месо се чува во замрзнувач до 12 месеци

2
Кошарка пред 1 месец

Кошаркарите на Хапоел Тел Авив останаа во сала до 1.25 часот по полноќ

3
Скопје пред 3 месеци

Новогодишната претстава „Дедо Мраз дојде со воз“ на Железничката станица во Скопје од 20 до 30 декември

4
Туризам пред 5 месеци

„Подземниот град“ на Тито во Далмација – денес туристичка атракција

5
Туризам пред 4 месеци

Travel And Tour World: Матка како „Тајланд“, Старата чаршија како „Истанбул“ — странците воодушевени!

6
Интервјуа пред 6 месеци

Николоски од Атина: Со Грција имаме можност да станеме најдобри економски партнери во регионот

7
Туризам пред 4 месеци

Охрид, Македонија: Историската порта што го редефинира балканскиот туризам со иновации и автентични доживувања

8
Вести пред 2 месеци

Муча: Со пешачење до прочистување на организмот по празниците