Connect with us

Скопје

Нов асфалт до и околу црквата „Св.Архангел“ во Ново Село, Ѓорче Петров

Завршени се градежните работи за асфалтирање на улици во делот до и околу црквата „Св. Архангел“ во Ново Село во Општина Ѓорче Петров, со што се подобрува локалната инфраструктура и пристапот за жителите во оваа населба.

Во рамки на проектот, асфалтирани се седум краци со вкупна должина од околу два километри нов асфалт. Со реализацијата на овој зафат, првпат се уредува поголем дел од овој простор, кој претходно беше со неуредена и каллива подлога, соопшти Опптина Ѓорче Петров.

Со новата инфраструктура се овозможува подобар пристап до домовите на жителите, побезбедно движење за сите учесници во сообраќајот, како и поквалитетни услови за живот во овој дел од населбата.

Активностите за подобрување на локалната инфраструктура ќе продолжат и во наредниот период, со цел унапредување на условите за живот на граѓаните, посочуваат од локалната самоуправа.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1