Connect with us

Општини

Извештај: Земјоделството во ЕУ создава третина од емисиите на стакленички гасови

Земјоделството и системот за производство на храна во Европската Унија создаваат околу една третина од нето-емисиите на стакленички гасови во блокот, се наведува во извештај објавен денеска од Европскиот научен советодавен одбор за климатски промени.

Во исто време, секторот се соочува со сè поголеми закани од климатските промени, предупредува советодавното тело, оценувајќи дека сегашните мерки не се доволни за исполнување на климатските цели на ЕУ за 2040 и 2050 година.

Според извештајот, постигнувањето на тие цели, паралелно со обезбедувањето на европското снабдување со храна и егзистенцијата на земјоделците, ќе бара сеопфатна трансформација на земјоделскиот и прехранбениот систем на Унијата.

Овој систем го опфаќа целиот синџир на вредност – од производството на ѓубрива до потрошувачката на храна.

– Иако земјоделството постигнало одреден напредок во намалувањето на емисиите, обемот и темпото на тие намалувања и натаму се недоволни – изјави претседателот на советодавниот одбор Отмар Еденхофер.

Покрај техничките подобрувања, советниците препорачуваат намалување на субвенциите што придонесуваат за климатски штети, воведување цена за емисиите во земјоделскиот сектор и поддршка на земјоделците во преминот кон практики што се поповолни за климата.

Тие, исто така, повикаа на политики што ќе поттикнат поодржливи начини на исхрана и намалување на отпадот од храна.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1

🔥 Најчитани

1
Забава пред 3 месеци

Совети: Сувото месо се чува во замрзнувач до 12 месеци

2
Кошарка пред 1 месец

Кошаркарите на Хапоел Тел Авив останаа во сала до 1.25 часот по полноќ

3
Скопје пред 3 месеци

Новогодишната претстава „Дедо Мраз дојде со воз“ на Железничката станица во Скопје од 20 до 30 декември

4
Туризам пред 5 месеци

„Подземниот град“ на Тито во Далмација – денес туристичка атракција

5
Туризам пред 4 месеци

Travel And Tour World: Матка како „Тајланд“, Старата чаршија како „Истанбул“ — странците воодушевени!

6
Интервјуа пред 6 месеци

Николоски од Атина: Со Грција имаме можност да станеме најдобри економски партнери во регионот

7
Туризам пред 4 месеци

Охрид, Македонија: Историската порта што го редефинира балканскиот туризам со иновации и автентични доживувања

8
Вести пред 2 месеци

Муча: Со пешачење до прочистување на организмот по празниците