Connect with us

Фудбал

Де Хеа го поддржа голманот на Тотенхем Кински, кој прими три гола за 17 минути во ЛШ

Голманот на Фиорентина, Давид Де Хеа, го поддржа голманот на Тотенхем Хотспур, Антонин Кински.

Тренерот на Тотенхем, Игор Тудор, го замени Кински во 17. минута откако прими три гола од Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Два од тие три гола паднаа по големи грешки на голманот.

-Секој што не бил голман не знае колку е тешко да се игра на оваа позиција. Главата горе и ќе успееш, напиша де Хеа на социјалните мрежи.

Тоа беше дебито на Кински во Лигата на шампионите.

Реваншот ќе се одржи на 18 март во Лондон.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1