Connect with us

Регион

Албанија: Засилено обезбедувањето на актуелниот и на поранешниот шеф на СПАК

Зголемени се мерките за физичка безбедност за актуелниот шеф на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК),  Клодјан Брахо и неговиот претходник Алтин Думани.

На актуелниот шеф на Специјалното обвинителство, Клодјан Брахо, му се доделени уште двајца телохранители, со што вкупниот број на полицајци одговорни за неговата лична заштита се искачи на осум.

Во меѓувреме, на поранешниот шеф на СПАК, Алтин Думани, му се доделени уште четири или вкупно осум телохранители за лично обезбедување.

Зголемените безбедносни мерки доаѓаат во време кога Специјалното обвинителство истражува голем број важни случаи поврзани со корупција и организиран криминал, фокусирајќи се на различни личности од криминалниот свет. Тоа со цел да ја зголеми заштитата на обвинителите и раководителите на оваа структура за време на развојот на овие истраги.

Одобрение за тоа донесе Комисијата за одбрана на Високиот совет на обвинители со цел зголемување на нивото на безбедност за поранешниот и актуелниот шеф на Специјалното обвинителство. 

Клодјан Брахо за прв човек на СПАК беше избран во средината на декември минатата година, на место на Алтин Думани, кој беше прв шеф на обвинителстото по неговото формирање во 2022 година. Мандатот  е тригодишен, без право на реизбор. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2

🔥 Најчитани

1
Забава пред 3 месеци

Совети: Сувото месо се чува во замрзнувач до 12 месеци

2
Кошарка пред 1 месец

Кошаркарите на Хапоел Тел Авив останаа во сала до 1.25 часот по полноќ

3
Скопје пред 3 месеци

Новогодишната претстава „Дедо Мраз дојде со воз“ на Железничката станица во Скопје од 20 до 30 декември

4
Туризам пред 5 месеци

„Подземниот град“ на Тито во Далмација – денес туристичка атракција

5
Туризам пред 4 месеци

Travel And Tour World: Матка како „Тајланд“, Старата чаршија како „Истанбул“ — странците воодушевени!

6
Интервјуа пред 6 месеци

Николоски од Атина: Со Грција имаме можност да станеме најдобри економски партнери во регионот

7
Туризам пред 4 месеци

Охрид, Македонија: Историската порта што го редефинира балканскиот туризам со иновации и автентични доживувања

8
Вести пред 2 месеци

Муча: Со пешачење до прочистување на организмот по празниците