Вести
Николоски во Вашингтон: Инвестираме во инфраструктурата и транспортот, соработката со Светска банка е на високо ниво, ќе има нови проекти за општините
Заменик претседателот на Владата Александар Николоски, денеска во Вашинготн САД, оствари работна средба со Чарлс Кормиер, регионален директор за инфраструктура во Светска банка. На средбата се разговараше за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка за развојни проекти во државата.
Вицепремиерот Николоски истакна дека подршката на Светска банка е значајна во делот нa инфраструктурата и транспортот и најави нови проекти за општините.
Вицепремиерот е еден од главните говорници на Глобалниот настан ,,Transforming Transportation 2026″, во Вашингтон во организација на Светска банка, каде се говори за развојот на инфраструктурата и транспортот и неговото влијание за економскиот развој.
Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:
“ Ми претставува огромна чест овие два дена да се биде во Вашингтон во седиштето на Светска банка и да можам да се обратам како еден од главните говорници на глобалниот настан што го организира Светска банка, каде ќе се осврнам на транспортот, комуникациите инфраструкурата и на се она што го работиме. Ќе имаме можност да зборуваме за проектите што ги реализираме во Македонија. Средбите се на високо ниво, ние до сега имаме одлична соработка со Светска банка, нема општина, нема град, нема село во Македонија каде во моментов не се работат локални улици токму со средства од Светска банка. Некаде околу 286 км локални улици се прават со подршка од Светска банка. Исто така ја подобруваме состојбата во Царината, каде во еден систем ќе се интегрираат осум институции каде ќе значи побрз проток на стока и луѓе и нема да има застанување на граница за товарниот сообраќај што многу значи во едни вакви предизвикувачки услови. Тука е реконструкцијата на двата граничнини премини, Ќафасан кој не спојува со Албанија и Деве Баир кој не спојува со Бугарија, а во следниот период ќе работиме и на Интелегентни транспортни системи, ќе работиме на подобрување на состојбата во сообраќајот во Царината и останатите сектори каде имаме заедничка соработка. Најавувам бројни нови проекти, кои ќе ги работиме во соработка со Светска банака во Македонија, особено во делот на урбана мобилност каде пилот проект имаме во Скопје, а потоа ќе го прошириме во останатите гардови, а најважно во овој момент она што е основен предизвик за голем број на општини е хигиентата каде заедно со Светска банка работиме на еден проект за Град Скопје каде ќе обезбедиме возила за Комунална хигиена каде целосно треба да ја променат сликата за чистотата на нашите општини.
Навистина е големо задоволство да бидем избран еден од тројцата каде ќе се обрати на годишната конференција која ја прави Светска банка овде во Вашингтон, тоа е признание за Владата, признание за напорната работа и ќе продолжиме со нашите меѓународни партнери да ја равиваме Македонија, да отвораме нови добро платени работни места и луѓето да остануваат во Македонија”- изјави вицепремиерот Николоски.
Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздрави присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакна дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.
март 10, 2026

