Connect with us

Политика

Ја повика ли Филипче, Америка, да ја бомбардира Македонија? И во нашата земја има авторитарен режим, кажа претседателот на СДСМ

Претседател на СДСМ, Венко Филипче истакна дека нападот од САД врз Иран е извршен откако биле исцрпени сите дипломатски механизми.

-САД се наш стратешки партнер и тие откако ги исцрпија сите дипломатски механизми на преговори настапија кон еден таков напад кон Иран. Сметам дека таквиот напад и се што се прави е во истиот контекст како што се направи интервенцијата во Венецуела, а тоа е за доброто на иранскиот народ и како што беше за доброто на народот во Венецуела, рече тој нагласувајќи дека според анализите се очекува да има и деескалација на работите.

Според него, САД како наш стратешки партнер треба да знаат дека овде во нашата земја, како што рече, има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат, посочувајќи меѓу другото дека власта ја бутка земјата во изолација знаејќи дека е во стратешки интерес и на САД интеграцијата во Европа и на нашата земја и целиот регион.

Во однос на денешната седница на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток, Филипче потенцира дека добро е да се разговара за тоа и верува дека како земја-члена на НАТО сите координации се прават на тоа ниво.

-Во однос на Советот за безбедност, добро е да се разговара. Меѓу другото, добро е претседателката да ја покрени темата зошто откако таа е врховен командант на АРМ има шуга по касарните? Ние сме земја-членка на НАТО и јас верувам дека на тоа ниво се прават координации, рече Филипче.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4