Connect with us

Свет

Масовен протест во Берлин за поддршка на иранските граѓани кои се кренаа на бунт против режимот

Илјадници луѓе протестираа денеска во Берлин во поддршка на востанието на иранските граѓани, на годишнината од иранската револуција против владеењето на иранскиот шах Реза Пахлави што избувна во 1979 година.

Овој митинг беше организиран откако протестите низ Иран започнаа во декември 2025 година поради економски тешкотии и набрзо се претворија во политички бунт, кој државата го потисна на најнасилниот начин од Исламската револуција во 1979 година, пренесуваат британските медиуми.

Според официјалните бројки, 8.000 лица денеска се собраа околу 13 часот кај Бранденбуршката порта во Берлин, но Шахин Гобади, член на комитетот за надворешни работи на Националниот совет за отпор на Иран (NCRI), рече дека на собирот имало околу 100.000 луѓе.

Поранешниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, се приклучи он лајн на настанот  бидејќи неговиот лет за Берлин беше откажан.

„Настанот беше поддржан од 344 организации и политички личности, вклучувајќи парламентарни групи за пријателство со Иран, синдикати и претставници на граѓанското општество на национално, локално и меѓународно ниво, како и 312 ирански здруженија во Европа“, изјави претставник на организаторите на протестот.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2